вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 6
home Живот и стил

Дури 66 проценти од луѓето во врска биле пријатели пред да станат љубовен пар

Дури 66 проценти од луѓето во врска биле пријатели пред да станат љубовен пар

Научниците предлагаат да ги прегледате веќе постоечките контакти во вашиот мобилен телефон, бидејќи можно е меѓу нив да го најдете идниот љубовен партнер.

Имено, во мета-анализа на седум студии објавени во списанието Social, Psychological and Personality Science, истражувачите ги испитале резултатите од 1.900 учесници и откриле дека 66 проценти од нив биле во пријателски односи со своите партнери пред да се заљубат во нив.

Според експертот за односи и терапевт Рејчел Рајт, овие наоди покажуваат дека повеќето романтични врски се развиваат и се темелат на пријателство, а причината се наоѓа во истражувањето на основачите на Институтот Готман, Џон и Џули Готман.

„Ако ја погледнете нивната теорија за тоа што прави долгорочни, среќни, здрави и успешни врски, ќе видите дека љубовта се споменува дури на крајот“, рече Рајт, додавајќи дека истите карактеристики што нѐ прават добри пријатели нѐ направат добри партнери.

Понатаму, има смисла дека вредностите што се суштински во пријателството се од суштинско значење и во долготрајна и среќна врска, бидејќи разбирањето на партнерот како човек е можеби најважната компонента на секоја успешна врска.

„Запрашајте се што, освен сексот, е разликата помеѓу вашите пријателства и вашите романтични врски и бидете сигурни дека она што го имате со пријателите е присутно и кај вашите партнери“, рече таа, додавајќи дека не треба да се грижиме дали пријателството ќе се уништи ако љубовната врска пропадне.

Нема причина зошто двајца возрасни не можат да го сменат контекстот на нивната врска и да се вратат на старата, ако романтичната врска не функционира. Исто така, не заборавајте да негувате пријателски однос со новите потенцијални партнери.

Локални избори 2021