недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Домашни трикови: Како да ги исчистите старите и валкани предмети? (ФОТО)

Домашни трикови: Како да ги исчистите старите и валкани предмети? (ФОТО)

Ако имате омилени предмети кои сè уште не сакате да ги фрлите, туку сакате да направите да изгледаат како нови, постојат решенија кои можат да ви помогнат:

1. Даски за сечење

Даските за сечење можете да ги исчистите со сунѓер натопен во сок од лимон и сол.

2. Бакарни садови

Бакарните садови се сметаат како најдобри за готвење, а за да можете да направите да изгледаат како нови – употребете сол и оцет. Нанесете на површината сол, а потоа истурете оцет и тријте со сунѓер.

3. Чинии

Гребаниците на чиниите можете лесно да ги отстраните со помош на средство за полирање специјално наменето за порцелан.

4. Теписи

Потребно е да направите смеса од една третина оцет и две третини вода. Смесата ставете ја во прскалка и испрскајте го делот од тепихот каде има дамки. Вклучете ја пеглата. На делот каде се наоѓа дамката ставете крпа и над неа 30 секунди оставете ја пеглата.

Коронавирус