вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 69
home Живот и стил

ДОКТОРИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ОВИЕ НАМИРНИЦИ СОЗДАВААТ ТРОМБ Ако сте прележале корона, веднаш исфрлете ги од исхраната

ДОКТОРИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ОВИЕ НАМИРНИЦИ СОЗДАВААТ ТРОМБ Ако сте прележале корона, веднаш исфрлете ги од исхраната

Луѓето кои имале корона вирус треба да се откажат од храна богата со витамин К на одредено време

Една од најопасните компликации на инфекцијата со корона вирусот е формирањето на згрутчување на крвта, што, како што повеќепати потврдија нашите експерти, може да биде сосема неочекувано и да се појави кај луѓе кои немаат проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Дури и кога ќе го прележите вирусот, опасноста не поминала. Дури и по отпуштањето од болница или кога веќе генерално се чувствувате подобро, постои можност да дојде до згрутчување на крвта. Затоа лекарите препорачуваат за време на болеста, но и еден период по излекувањето, да се земаат антикоагуланси, односно лекови за разредување на крвта.

Сепак, подеднакво е важно да се грижите за исхраната во следните шест месеци, забележуваат експертите, а особено да избегнувате храна која „влијае“ на формирање на згрутчување. Според нутриционистот Ирина Зенкова, луѓето кои имале корона вирус треба да се откажат од храна богата со витамин К на одредено време.

„Тоа е, пред сè, зеленилото, кое сме навикнати да го додаваме во супи, салати и други јадења. Ова особено важи за магдоносот и зачините. Тие содржат многу витамин К, кој може донекаде да го потисне дејството на антикоагулантите врз основа на активната супстанција варфарин“, објасни таа.

Останатиот зелен зеленчук, како што се прокељол, брокулата и спанаќот, исто така спаѓаат во категоријата „привремено опасни“. Истовремено, важно е да се знае дека овој зеленчук сам по себе не е опасен, ниту количината на витамин К што го содржи, туку само „неповолните“ комбинации со лекови во овој специфичен период, забележуваат експертите.

Коронавирус