недела, 2. април 2023. Вести денес: 32
home Живот и стил

Додека се пораѓала слушнала лоша вест: Резултатите од крвта биле ужасни, а потоа следуваше страшна дијагноза

Додека се пораѓала слушнала лоша вест: Резултатите од крвта биле ужасни, а потоа следуваше страшна дијагноза

„На први март станав мајка за прв пат. Заедно со малото момче, добив и страшна дијагноза“.

Вака ја започнува својата приказна 25-годишната Кортни Кигли. Таа роди здраво машко дете, а мислела дека на пораѓање отишла сосема здрава.

Тогаш пристигнаа резултатите од анализата на крвта. Се покажало дека Кортни има нула бели крвни зрнца поради што не можела да прими епидурална анестезија. Дополнително и било соопштено дека за време  на пораѓањето мора да се направи и трансфузија на крвта.

Најубавиот ден стана ноќна мора. Откако слушнала лоша вест за време на пораѓање, подоцна стигнала и страшна дијагноза. Младата жена боледува од редок вид на леукемија, малигна болест на крвта.

Мајката и бебето се уште се во болница. Докторите наоѓаат начин како да ја излечат.