недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Живот и стил

Девојки, читајте внимателно: Ова се митови и заблуди за менструалниот циклус

Девојки, читајте внимателно: Ова се митови и заблуди за менструалниот циклус

Некои жени веруваат во митови за менструацијата кои ги слушнале од постарите жени. И после толку напредни мислења од лекарите, ние сè уште не знаеме што е вистина, а што е мит.

Еве неколку од нив:

Тоа што добивате секој месец е знак дека сте плодни

Редовната менструација е показател за плодност и овулација, но плодноста бара многу повеќе. За жал, иако менструацијата доаѓа точно како часовник, тоа не значи дека може да забремените кога ќе посакате.

Не може да забремените додека трае месечниот циклус 

Ова тврдење е точно, но ако здравата сперма успее да преживее во репродуктивниот систем со денови, тогаш може да се случи да забремените.

Не секое крварење е менструација. Можеби имате послабо крварење кое ве предупредува дека сте блиску до овулација.

Мора да добиете секој месец

Ова тврдење е погрешно бидејќи доколку пиете контрацептивни пилули може да се случи да не добиете менструација поради хормонските промени во телото.

Ужасната болка е вообичаена

Нормално е да чувствувате послаба болка, но екстремно болните менструации кои ве врзуваат за кревет се индикатор за некој друг проблем.

Најдобро е да се консултирате се со вашиот лекар.

Кајгана