недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денот во кој сте родени открива каков ќе ви биде животот- бебињата родени во овој ден ќе бидат среќни и богати

Денот во кој сте родени открива каков ќе ви биде животот- бебињата родени во овој ден ќе бидат среќни и богати

Според обичаите, нашиот народ верува дека деновите во неделата не се исти, па така има и среќни и несреќни, добри и лоши, оние во кои треба да избегнувате одредена работа и оние во кои не треба да кренете ништо „потешко од лажица.“

Според старите верувања, карактерот на луѓето се оценувал по тоа во кој ден се родени. Денот на раѓањето, зборува многу за вашата личност, велат обичаите.

Понеделник

Понеделник како прв ден во неделата се смета за најсреќен ден. Се вели дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и успешен живот.

Вторник

Вториот ден во неделата се смета за најнесреќен ден, па за луѓето родени во вторник старите верувањат велат дека нема да имаат лесен живот. На овој ден не треба да се почнува никаква дејност, затоа што вторник е баксузен, па наводно работата може да тргне надолу и нема добро да се заврши.

Среда

На овој ден може да се започне со нова работа и да се тргне на пат. Се верува дека бебињата родени во среда ќе бидат среќни и богати.

Четврток

За четвртокот се вели исто така дека е среќен ден. Во народот постои ваква изрека: „Сите денови се добри, но четврток е најдобар“. Многу е добро, велат верувањата детето да се роди на волку среќен ден затоа што понатаму во животот ќе биде среќно и успешно.

Петок

Петок е според народните верувања, еден од несреќните денови. Во некои делови од Балканот, се смета дела овој ден е „нечист“ и погоден да се дојде во допир со „демонските сили“. Затоа се вели, кога на некој лошо му оди во животот, значи дека му дошол „црниот петок“. И детето родено во петок, според верувањата, нема да има среќа во животот.

Сабота

Сабота е ден посветен на мртвите и тогаш се оди на гробишта и се палат свеќи. На овој ден, треба да сме внимателни да не нѝ се случи некакво зло. Верувањата велат дека децата родени во сабота ќе бидат необични. Луѓето родени на овој ден имаа талент да го научат јазикот на немите и така „да зборуваат со животните“. Луѓето родени во сабота се интересни, со бујна фантазија, на кои можат да им се причинуваат разни чудни појави.

Недела

Недела е ден за одмор. Оние кои се родени во недела, ќе бидат исклучително среќни и ќе живеат како вистински господа. Тоа значи дека ќе имаат можност често и многу да одмараат- секој ден ќе им биде како недела. За среќниот човек се вели: „Мајката го родила во бела недела“.