петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Живот и стил

Денеска се слави светицата која ги штити жените: Еве што треба да направат тие

Денеска се слави светицата која ги штити жените: Еве што треба да направат тие

Денеска е Св. маченица Харитина.

Во детството остана сираче. Ја посвои некој угледен човек и христијанин Клаудиј и ја воспита како своја ќерка. Харитина растеше зацврстувајќи се во Христовиот дух и избра да живее девствен живот. За време на прогоните на Диоклецијан во третиот век, некојси царски намесник Дометијан ја доведе на суд како христијанка. Откако го исповеда Христа пред судот и ги посрами идолопоклониците, беше ставена на маки. Најпосле судијата прати некои развратни момчиња да ја осквернат. Харитина се помоли на Бога да ја сочува нејзината девственост и кога момчињата дојдоа до неа видоа дека таа веќе го беше предала својот дух.

Таа се смета за заштитничка на девојките и се верува дека токму денес им помага на сите жени кои ќе западнат во неволја.

Денеска сите жени треба да и се помолат на оваа светица.

Коронавирус