среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 7
home Живот и стил

Денеска се слави Св. апостол Јаков

Денеска се слави Св. апостол Јаков

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 октомври. Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев.

Овој Јаков му беше брат на апостолот и евангелистот Матеј. Еден е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението. По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет.

Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво. Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците.

Католички календар: Денеска е Св. Марија Салома.

Таа била мајка на двајцата Исусови апостоли : Јаков Постариот и Иван. Евангелието споменува дека стоела под Исусовиот крст. Ја почитуваат особено во Палестина, Цариград, Белгија, Франција и Италија. Верниците и се молат во разни неприлики.