понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 85
home Живот и стил

Денеска е Св. свештеномаченик Терапонт

Денеска е Св. свештеномаченик Терапонт

Во времето на своето страдање, во третиот век, Терапонт беше епископ на малоазискиот град Сард, некогашна престолнина на областа Лидија.

Неколку години по страшниот прогон на Декиј, што се случуваше во средината на третиот век, императорот Валеријан ги обнови прогоните, издавајќи два едикта против христијаните.

Едниот од нив беше насочен против првенците на црквата, т.е. против свештенството.

Свети Терапонт до тогашното време се беше истакнал како одличен духовен раководител во својата црква, па како таков беше затворен, воден во окови до неколку градови во Мала Азија, мачен со глад и жед, камшикуван, а по сите тие страдања, поради цврстината на својата вера, најпосле беше обезглавен во 259 година.

ЕУРО 2020

Македонија