недела, 12. јули 2020. Вести денес: 143
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Живот и стил

Денеска е Св. свештеномаченик Теодот Анкирски

Денеска е Св. свештеномаченик Теодот Анкирски

Теодот живееше во времето на императорот Диоклецијан. Беше женет човек и во градот Анкира држеше една гостилница.

Во Христа веруваше тајно, но не пасивно: им помагаше христијаните по околните пусти места и ги погребуваше расфрлените тела на мачениците. Кога во градот беа погубени седум девојки христијанки, Теодот тргна да ги бара нивните тела. Ги најде и ги погреба.

Но, властите дознаа за таа негова постапка и тој беше изведен пред суд. Го ставија на маки, а потоа го погубија. Така пострада овој пречесен аристократ по дух, во 303 година.

Подоцна некој свештеник го зеде неговото тело и го погреба на една восочинка близу градот, каде што подоцна беше подигната црква во негово име.

Парламентарни избори 2020