понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 71
home Живот и стил

Денеска е Св. маченичка Христина

Денеска е Св. маченичка Христина

Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом.

Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре.

Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата.

Света Христина пострада за Христа во третиот век.

Коронавирус