петок, 27. мај 2022. Вести денес: 129
home Живот и стил

Денеска е Св. Григориј Ниски- бил голем и плоден писател, философ и богослов

Денеска е Св. Григориј Ниски- бил голем и плоден писател, философ и богослов

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јануари. Денеска е Св. Григориј Ниски.

Свети Григориј потекнува од едно благочестиво христијанско семејство, какви ги има ретко во историјата. Родителите на свети Григориј имале многу деца, од кои неколкумина подоцна се прославија како светители.

Во тоа семејство беа родени и свети Василиј Велики и преподобна Макрина. Свети Григориј живеел во четвртиот век. На свои 40 години станал епископ на градот Ниса.

Тој е еден од тројцата големи кападокијци, заедно со постариот брат Василиј и со свети Григориј Богослов. Бил голем и плоден писател, философ и богослов. Блажено се упокоил во 394 година.

Коронавирус