вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Живот и стил

Денеска е Св. девет маченици во Кизик

Денеска е Св. девет маченици во Кизик

Градот Кизик се наоѓал во Мала Азија, близу до Троада, која била премин од Азија во Европа. Во овој град христијанството го проповедаше уште апостол Павле, но тука се до крајот на третиот век заради гонењата христијанството главно се пазеше во тајност.

Луѓето или бегаа по другите места, по планините и пустите места, криејќи се од прогоните, или ја одржуваа светлината на вистинската вера во тајност. Но, имаше и такви кои, како светителите што црквата ги слави денес, се осмелија отворено да го проповедаат Христос во градот. Тоа се случуваше во времето на император Диоклецијан.

Заради таквата нивна смелост Теогониј, Руф, Антипатар, Теостих, Артем Магниј, Теодот, Тавмазиј и Филимон беа обезглавени со меч.

Во времето на цар Константин моштите им беа најдени и сместени во црквата што беше изградена во нивен спомен.

ЕУРО 2020

Македонија