сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев

Денеска е Св. апостол Јаков Алфеев

Овој Јаков му беше брат на апостолот и евангелистот Матеј. Еден е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението.

По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет.

Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво.

Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците.

Коронавирус