сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска е Собор на 70 Апостоли

Денеска е Собор на 70 Апостоли

Покрај 12-те апостоли, Христос избрал уште 70 други, ги вооружил со сила да чудотворат и да изгонуваат духови и ги испратил по градовите и селата да ги повикуваат луѓето кон вечен живот.

Нивната проповед се состоела, како што вели апостол Павле, не во убедливи зборови на човечката мудрост, туку во пројава на дух и сила.

По слегувањето на Светиот Дух тие се распрснаа по целата Римска империја и на својот пат претрпеа многу гонења, маки и незгоди, а многу од нив и пострадаа за Христа. Црквата го определи овој ден за да ги слави сите нив заедно.

Коронавирус