четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 70
home Живот и стил

Денеска е Преподобна маченичка Теодосија

Денеска е Преподобна маченичка Теодосија

Свети Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство.

Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир. Теодосија пораснала, го засакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот.

Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741).

Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на иконите, а најпосле и погубена во 730 година.

ЕУРО 2020

Македонија