сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 87
home Живот и стил

Дедото ја силувал кога била малолетна: Кога проговори за пеколот низ кој поминала, следуваше уште поголем шок

Дедото ја силувал кога била малолетна: Кога проговори за пеколот низ кој поминала, следуваше уште поголем шок

Жена од Велика Британија, која како тинејџерка сексуално ја злоставувал нејзиниот дедо, одлучила со јавноста да ги сподели пораките кои и ги испраќал.

Раскажала како дедо Џозеф Едвардс ја злоставувал од нејзината 13-та година, а дури неколку години подоцна нејзиниот партнер ја наговорил да проговори за се и дедото педофил да го пријави во полиција.

Жената која денес има две деца, била само 13-годишно девојче кое имало проблеми во семејството, кога родениот дедо започнал сексуално да ја злоставува. Раскажала како тој го искористил нејзиното несложување со семејството па се претставил како некој кој секогаш ќе биде тука за неа, за да подоцна ситуацијата подло ја искористи.

-Години потоа, кога веќе била возрасна и добила деца, ја раскажала приказната за злоставувањето на својот партнер кој ја наговорил да го пријави својот дедо. Тогаш ги открила и одвратните пораки кои и ги испраќал, па се раскажала на семејството, но како што вели, иако им ги покажала пораките, некои членови на семејството не и верувале, јавува Sun.

Во низата пораки од дедото педофил има многу грозни работи.

„Толку те сакам, поради тебе срцето ми застанува“, и пишувал.

„Направи го тоа само за мене, ок? Те сакам на сите начини, ок?“, била уште една од пораките, а потоа се нижат и бројни други.

„Сакам да бидам среќен само со тебе и со никој друг. Жал ми е, не можам да престанам, толку те сакам“.

„Не можам да те исфрлам од мислите. Прости ми, те сакам толку, едноставно толку си згодна, ок?“, е уште една од неговите пораки.

Како што јавува Sun, семејството застанало со 69-годишниот злоставувач за време на судењето во Ливерпул. Судот го прогласил за виновен за шест прекршоци поврзани со сексуалната активност со детето, па го осудил на 15 месеци затвор.

По судењето, жртвата за еден локален ливерпулски портал порачала дека имала посебна врска со својот дедо кој ја слушал кога остатокот од семејството не бил тука за неа.

– Но, кога имав 13 години, започна да ме бакнува. Се уште се сеќавам на неговиот јазик, беше грозно. Тогаш се обиде да ги стави рацете на моите нозе и да ме допира таму, додала таа и раскажала дека најголемиот дел од злоставувањето се случувало во неговиот автомобил додека ја возел на дневни излети.

– Секогаш одевме во Саутпорт во неговиот автомобил. Нашите патувања секогаш беа многу тајни. За нив никогаш не смеав да кажам на баба ми или на било кој од семејството. А секогаш одевме во Саутпорт и секогаш со неговиот автомобил каде се случуваа поголемиот дел од злоставувањата.

Нејзиниот дедо сега е во регистерот на сексуални престапници во кои ќе биде запишан и следните 10 години, а добил и петгодишна забрана за доближување до внуката.

Коронавирус