среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Живот и стил

Дамите мора да знаат: Правите голема грешка ако вака си ја бришете шминката

Дамите мора да знаат: Правите голема грешка ако вака си ја бришете шминката

Темелното и правилното вадење шминка е еден од главните фактори што влијаат врз изгледот на кожата на лицето. Без разлика колку лесна шминка користите, таа мора темелно да се отстрани од лицето, бидејќи во спротивно може да предизвика огромни проблеми.

Доколку шминката се задржи на лицето, таа може да се затне и да ги извалка порите, а тоа подоцна може да предизвика појава на акни кои се болни и не изгледаат воопшто привлечно.

За да дише кожата и да има простор за регенерација, треба целосно да ја отстраните шминката. Иако ова им е очигледно и јасно на сите, често се случува шминката да ја отстраниме само со марамчиња за вадење шминка или невнимателно да преминеме преку лицето со некое средство, а дерматолозите предупредуваат дека токму влажните марамчиња се главната причина за сите проблеми со тенот.

Размислете дали баш секоја вечер темелно го миете лицето и ги отстранувате сите траги од пудра и останати производи?

Најголемата грешка е токму вадењето на шминката со влажни марамчиња. Тие само навидум ја отстрануваат шминката, но иако се чини дека веќе ја нема на лицето, таа останува во ситните пори, кои многу лесно се затнуваат и потоа настануваат многу сериозни проблеми. Честата употреба на марамчиња доведува до сериозен ризик од појава на акни, па затоа нивната употреба сведете ја на минимум.