сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дали знаете која болест најчесто ги погодува младите во денешно време?

Дали знаете која болест најчесто ги погодува младите во денешно време?

Генерацијата „З“ се однесува на младите родени околу средината на 90-тите до раните 2000-ти, но сѐ уште нема консензус околу тоа кога завршува. Пред тоа беше генерацијата „миленијалци“ за кои се вели дека се наклонети кон патувања, самопромоција, постојано напредување, работа која не е од „8 до 4“ и врзана предолго на едно место, а од друга страна, постојано се под притисок дека имаат пресилна конкуренција и дека никогаш не се доволни.

Една од карактеристиките на овие генерации е тоа што мобилните на некој начин им се продолжеток на раката: комуницираат, работата и „постојат“ преку социјални мрежи и апликации.

Токму поради ова, експертите со години зборуваат за нивната општествена изолираност и се обиделе да докажат дека социјалните мрежи ги оттуѓиле младите генерации, дека помалку се дружат во живо, а повеќе со мобилните.

Но, најновото истражување покажува дека социјалните мрежи не се нужно изворот на таа осаменост. Тогаш се поставува прашањето: Што е причината поради која младите се чувствуваат толку многу осамено?

Истражувањето покажало дека речиси половина од испитаниците (46%) „понекогаш“ или „секогаш“ се чувствуваат осамено, а од нив, 47% велат дека често се чувствуваат исклучено. Еден од четири испитаници (27%) ретко или никогаш немаат чувство дека постојат луѓе кои навистина ги разбираат нивните чувства, а двајца од пет испитаници понекогаш или секогаш чувствуваат дека нивните односи немаат смисла и значење, додека пак речиси половина испитаници (43%) рекле дека се чувствуваат поизолирано од другите.

Еден од пет испитаници одговорил дека ретко или никогаш не се чувствуваат блиски и интимни со другите луѓе. Испитаниците кои не живеат сами велат дека поретко се чувствуваат осамени, додека пак 43% од тие кои живеат сами велат дека често се чувствуваат осамено.

Само половина од испитаниците одговориле дека имаат чувство дека имаат добри меѓусебни односи со други луѓе, како на пример долги разговори со пријателите или често поминување време со членовите на семејството.

Што се однесува до испитаниците кои имаат од 18 до 22 години, се покажало дека оваа генерација е најосамена. Тие чувствуваат и дека здравјето им е полошо од постарите од нив. Социјалните мрежи не се јасен показател за тоа дека нивното „често користење“ има врска со „поголема осаменост“. Според истражувањата, оние што највеќе ги користеле социјалните мрежи, имале подеднаков „индекс на осаменост“ како и луѓето кои помалку ги користеле.

Социјалните мрежи дури и помагале при комуникацијата доколку се користат разумно, т.е ако се користат за поврзување и комуницирање со други луѓе, а не бесмислено да се „скрола“.

Она што влијаело на силното чувство на осаменост се три поврзани фактори: физичкото и менталното здравје, нивото на друштвеност, т.е исполнувањето на потребите во тие три подрачја.

Истражувањето вродило и со неколку важни пораки.

Што влијае на нашите чувства?

Коронавирус