понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Дали жените навистина сакаат повеќе мажи со брада? Науката ги даде резултатите

Дали жените навистина сакаат повеќе мажи со брада? Науката ги даде резултатите

Конечно можеме да ја затвориме дебатата за тоа дали жените сакаат повеќе мажи со брада или не. Новите откритија укажуваат на тоа дека жените ги сметаат мажите со брада не само привлечни, туку и доминантни, како социјално така и физички. Станува збор за истражување кое е направено на  Универзитетот во Квинсленд, покажа дека колку повеќе мажите имаат брада тие се попривлечни.

Анкетирани биле 919 американски жени на возраст меѓу 18 и 70 години, научниците ги замолиле учесниците да оценат фотографии од мажи со различно ниво на брада. Волонтерите прегледувале 30 слики – мажите на сликите биле фотографирани со брада и без брада.

Резултатите покажале дека мажите со поголема брада биле повисоко рангирани за разлика од останатите. Сепак, не сите жени претпочитаа брада. Оние што се против брадата, се осврнаа на хигиената и на потенцијално паразити во кои може да ги има мажот во неа.

Секако, личноста мора да игра улога во привлечност кон спротивниот пол, но овие откритија сугерираат дека жените судат одредени карактерни црти и привлечност чисто првиот поглед.

Коронавирус