сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 60
home Живот и стил

Дали некогаш без знаење на партнерот сте го зеле неговиот телефон и сте ги прегледале пораките?

Дали некогаш без знаење на партнерот сте го зеле неговиот телефон и сте ги прегледале пораките?

Листање низ пораки на телефон или прегледување на електронска пошта на саканата личност е класичен пример за недоверба. И, дали е оправдано во некои случаи да се земе телефонот на партнерот без негово знаење?

Веројатно ќе помислите дека ваквото однесување може да означи крај на љубовна врска.

Меѓутоа, неодамнешното истражување покажува дека повеќе од половина од луѓето кои се во среќна врска (па дури и брак) одвреме-навреме „фрлаат око“ пораки на телефонот на својата сакана. Исто така, истите тие луѓе признаваат дека нивната намера не е затекнување на неверство или нешто слично, туку едноставно љубопитност. Покрај тоа, тие самите велат дека сосема реално очекуваат и нивниот партнер да го стори истото.

Исто така, ќе ве изненади фактот дека мажите се оние кои „шпионираат“ повеќе на телефоните на своите подобри половини. Тие обично избираат време кога девојката е во бања или кога ќе заспие ноќе, за да ги разгледаат нејзините разговори со други луѓе во мир. И иако тие не бараат докази дека таа се допишува со други мажи и со тоа ја загрозува нивната врска, љубопитноста како оваа, доколку се открие, може да навистина да ја разниша врската, тврдат психолозите.

Што може да ве натера да „душкате“?

Како прво, ако веќе еднаш сте доживеале неверство, секогаш ќе го има тој „мал црв“ на сомнеж. Ако вашиот поранешен партнер ве изневерил, ќе треба многу напор и време да научите како повторно да верувате во некого целосно. Што е сосема разбирливо.

Од друга страна, оваа активност ја вршат луѓе кои имаат мала самодоверба. Ако вашиот партнер, на пример, има добар дел од пријателки или убави соработници за кои знаете, многу е веројатно дека ќе сакате да откриете како тој комуницира со нив.

Како да се спротивставите на искушението?

Имено, ако некогаш имате можност да ги прочитате пораките на вашата сакана личност, првото нешто што треба е да си го поставите прашањето – зошто го правам ова? Дали има причина да се сомневате во вашиот партнер? Ако има, сигурно не се решава со читање на неговите пораки со други луѓе.

Комуникацијата е најважна затоа што доведува до зголемување на довербата меѓу партнерите. Најлошото што може да ви се случи е погрешно да ги толкувате прочитаните пораки и да предизвикате расправија, па дури и пауза поради непромисленост.

Имајте на ум, ако некој не ја заслужува вашата доверба, тогаш не треба да бидете во врска со таа личност.

Коронавирус