недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Живот и стил

Дали може жената да забремени ако е веќе бремена? Одговорот е ДА, иако звучи невозможно

Дали може жената да забремени ако е веќе бремена? Одговорот е ДА, иако звучи невозможно

Дали може жената да забремени ако е веќе бремена? Иако звучи како невозможно, науката вели дека е можно!

Досега се регистрирани 10 такви вистински случаи во светот. Меѓу последните, е случајот во Австралија, кога една жена останала бремена двапати во рок од 10 дена. Ги родила во ист ден, но девојчињата имале различни тежини и различни крвни групи.

Инаку, овој редок феномен во медицината е наречен суперфетација.

Оваа состојба подразбира зачнување на втор фетус, која резултира со тоа што во матката на мајката се развиваат две бебиња, близнаци со различна гестациска возраст, а некогаш и близнаци со два датуми на раѓање, пишува порталот „BrightSide“.

При суперфетација, оплодувањето се случува во два различни менструални циклуса, поради што близнаците не се само со различна гестациска возраст, туку можат да бидат и со различни крвни групи. Тоа е клучното што ја разликува од суперфекундацијата, која подразбира оплодување на две јајце клетки, ослободени за време на еден менструален циклус, но од два одделни сексуални односи.

Вообичаено, кога жената ќе забремени, нејзините јајници престануваат да ослободуваат јајце клетки во матката, бидејќи хормоните испраќаат сигнал до телото да се „подготви“ за растење на бебе. Но во случајот на суперфетација, јајниците и понатаму продолжуваат да создаваат и ослободуваат јајце клетка што може да се оплоди.

 

Коронавирус