недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 53
home Живот и стил

Дали има вистина во фразата: „Ако сакаш да успееш во нешто, облечи се убаво“?

Дали има вистина во фразата: „Ако сакаш да успееш во нешто, облечи се убаво“?

Факт е дека ги проценуваме луѓето на основа на нивниот физички изглед. Размислете за тоа – прво нешто што забележуваме на човек е неговиот изглед. Изгледот е важен. Вашата облека и начинот на кој ја носите игра голема улога во вашиот целокупен изглед и е важен фактор за тоа како луѓето ќе ве доживуваат.

Ова особено важи за кариерата. Професионалците би требало да знаат како да се облекуваат и да изгледаат во своето професионално опкружување. Начинот на облекување е толку важен што може да влијае на тоа дали ќе ја добиете работата од соништата или дали ќе бидете унапредени.

Новинарот Крис Андерсон вели: „Јас пропуштив големо унапредување пред неколку години и покрај тоа што бев еден од главните фаворити за таа позиција. Дури подоцна дознав дека тоа било поради мојот стил на облекување, бидејќи раководителите мислеле дека мојот стил на облекување е „преопуштен“. Тоа за мене беше голем шок и пресвртница во мојот живот, барем во погледот на стилот на облекување.“

Новинарот Нил Пател во една статија дискутирал за неговиот мал социјален експеримент околу тоа како луѓето се доживуваат меѓу себе на основа на тоа како се облекуваат. Еден од коментарите во текстот баш добро ја сумира целата дебата околу тоа зошто облекувањето е важно:

  • Почнувајќи од најочигледните причини: Ако се облекуваме за да изгледаме попрофесионално и подобро, тоа дефинитивно дава позитивна слика за нас. Вашиот изглед е една од најлесните работи кои можете да ги промените кај себе. Ако изгледате професионално, соодветно облечени за ситуацијата во која се наоѓате, луѓето ќе мислат дека сте поспособни, попрофесионални и попаметни.
  • Така оставате добар прв впечаток кај луѓето кои првпат ги гледате во животот, а сите знаеме дека првите впечатоци се најважни.
  • Веднаш сте во предност во поглед на другите: Добро облечената личност често се истакнува во околината. Ако сте добро облечени во разговор за работа, ќе се издвоите од останатите и ќе добиете предност во поглед на другите.
  • Ако сте добро облечени, тоа остава впечаток дека сте вложиле труд и дека сте размислувале за тоа.
  • Постои факторот на добро расположение кој е поврзан со облеката: Ако сте облекувате професионално, добро ќе се чувствувате и ќе имате повеќе самодоверба и луѓето позитвно ќе реагираат на вас.