сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 36
home Живот и стил

Дали и вие сте духовни војници?

Дали и вие сте духовни војници?

Она што моментално највеќе му е потребно на светот, пред се, е нов вид на „духовни војници“. На светот му се потребни луѓе кои ќе преземат ризик и кои ќе се впуштат во центарот на случувањата, луѓе кои навистина можат да ја променат светската реалност, затоа што имаат храброст да ја променат својата.

Велат дека дефиницијата за лудило е цело време да ги правите истите работи, а сепак да очекувате различни резултати. Но, насекаде има толку лудило! Каква е ситуацијата кај вас? Дали сте вие еден од новите духовни војници?

Знаци кои кажуваат дека сте духовен војник:

  1. Духовниот војник е свесен дека тој и само тој ја создава својата реалност. Со други зборови, тој без страв ги прифаќа сите луѓе, ситуации и околности кои ги привлекува и манифестира и подготвен е да се носи со тоа.
  2. Духовниот војник сфаќа дека да се биде незапирлив, не значи да се нема никаков страв, туку тоа значи постојано соочување и разбивање на стравот во моментот на негово создавање. Духовниот војник не ги обвинува другите за својата ситуација, ниту го проектира тоа на другите. Тој сфаќа дека се што се случува е всушност групна карма и работи на тоа да ја промени.
  3. Духовниот војник не се жали и не се обидува постојано да ја отстрани болката. Тој сфаќа дека болката е место каде што влегува светлоста и дека надминувањето на физичкото е патот кон бесмртноста.
  4. Духовниот војник не се плаши да ја отпушти креацијата или манифестацијата откако ја одиграла својата улога. Тоа може да се однесува на нефункционален однос, работа или место. Дури и кога патот напред е неизвесен, тој продолжува да се движи напред.
  5. Духовниот војник ја знае разликата меѓу предавање и откажување. Предавањето е ускладено со вистината која може да се почувствува, а откажувањето е слабост, лесно прифаќање.
  6. Духовниот војник ја знае разликата помеѓу осудување и расудување. Тоа е од витална важност за сфаќање на реалноста за да можеме да се движиме помеѓу препреките во животот.
  7. Духовниот војник е внимателен со зборот „никогаш“, за да не осуди одредена ситуација на одредена судбина. Тој е свесен дека се може да се промени во секое време.
  8. Духовниот војник не се плаши да оди спротивно од стадото, дури и ако постои ризик да го прегазат.
  9. Духовниот војник не се плаши од патење или смрт за цел која е поголема од него.
  10. Духовниот војник знае дека смртта е само премин во нов живот. И затоа без страв го живее животот кој сега го има.
  11. Духовниот војник е длабоко искрен кон самиот себе.
  12. Духовниот војник не се плаши од вистината.
  13. Духовниот војник се изразува без страв, без оглед на исходот. Да, дипломатијата му е важна, но тоа не значи дека поради неа ќе ја загрози својата душа. Тоа е како „танц“ со кој го пронаоѓа најдостапниот начин да ја изрази својата вистина.
  14. Духовниот војник е несебичен, но не се плаши да се изрази. Неговата личност е витална, жива, полна со харизма, боја и изразување.
  15. Духовниот војник опростува и на себеси и на другите. Тој знае дека сите животни околности се создадени за учење, знае дека не постои зла намера. Простувањето помага да се расплете дисторзијата за која се држат другите луѓе.
  16. Духовниот војник сфаќа што значи дека се биде предан на целта. Потребна е преданост, трпение и упорност за да се донесе светлин во мракот.
  17. Духовниот војник знае кога треба да испушти,  а кога да собере нешто во животот.
  18. Духовниот војник живее од ден на ден, од момент во момент, воден од својата интуиција. Тој постојано се ускладува и запрашува: „Што сакаш да направам сега?“ и „Како сакаш да го направам тоа?“
  19. Духовниот војник постојано сведочи на синхроницитетите кои му овозможуваат да открие што всушност се случува во овој момент.
  20. Духовниот војник им дозволува на другите да прават сопствени грешки и им дозволува да одат по сопствениот пат.
  21. Духовниот војник вистински ја разбира природата на љубовта.

Духовните војници се тука! Почна новата ера на духовни војници. Тие не се плашат да го почувствуваат својот страв. Тие имаат храброст да бидат ранливи и во најголемите предизвици да бидат искрени самите со себе.

Тие доаѓаат од сите сфери на животот, сите возрасти, си даваат рака еден на друга, ја пронаоѓаат заедничката нишка на постоењето и повеќе не се кријат. Прашањето е: Дали и вие сте еден од нив?

Извор: skopjeinfo.mk

Коронавирус