четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 5
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Живот и стил

Да бидеме реални: Лошото однесување на децата е ГРЕШКА на родителите

Да бидеме реални: Лошото однесување на децата е ГРЕШКА на родителите

Доколку кај детето забележите некакво лошо однесување или навики, треба да сте свесни дека најверојатно причината сте вие како родители.

Еве кои се најчестите лоши однесувања што децата ги учат од своите родители:

Премногу се зависни

Родителите кои премногу заштитнички се поставуваат кон своите деца и како октопод ги фаќаат и опкружуваат, ги прават премногу зависни првенствено од нив самите, а со текот на времето и од другите луѓе. Децата кои навикнале секогаш некој друг да ги решава нивните проблеми, да им го расчистува патот и да носат одлуки во нивно име, полошо се снаоѓаат во животот. Тие по тој ист образец ќе продолжат да бараат лица кои ќе треба да ги водат низ животот и имаат тенденција да станат зависни од нив.

Ги прекинуваат другите додека зборуваат

Доколку родителите се склони на другите да им „упаднуваат“ во збор, нивните деца со сигурност ќе го прават истото. Секогаш дозволувајте им на децата да ви кажат сè што сакаат, докрај. Не дозволувајте вие  да бидете поважни од детето и дајте му простор комплетно да се изрази. Научете го колку е важно да се сослуша другиот и да го почека својот ред да зборува. Тоа ќе ги направи децата покултурни и да имаат подобра комуникација.

Не ги почитуваат возрасните

Ќе има моменти кога некој друг ќе го чува вашето дете. Ваши роднини, бебиситерка, пријатели или соседи… Доколку не се потрудите да го воспитате своето дете така што ќе ве почитува вас, тогаш истото ќе го прави и со другите луѓе. Така автоматски создавате лоша слика за себе и за вашето дете.

Премногу зборуваат на семејни теми

Децата од најрана возраст се учат да споделуваат. Доколку не го научите своето дете дека некои работи не смеат да се изнесуваат надвор од домот, тоа нема да може да прави разлика меѓу приватност и јавност. Ако не сакате „валканите алишта“ и интимата да се споделуваат во градинката или пред гости, ќе треба да го научите своето дете што треба да остане меѓу вашите четири ѕида.

Доцна го усвојуваат речникот на убаво однесување

Никогаш не е прерано да ги научите вашите деца како да бидат љубезни и пристојни. Тие навистина треба да ги знаат основните зборови за убаво однесување, како: се извинувам, благодарам, ве молам… Децата се учат од најрана возраст, а ако им ги доближите љубезноста и пристојноста уште од мали нозе, сите ќе бидат воодушевени од нив.

Коронавирус