сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Цитати за среќата од најголемите книжевни умови

Цитати за среќата од најголемите книжевни умови

Среќа. Сите ја сакаме и посакуваме и тежнееме кон неа. Но, што е среќата? Дали навистина можеме да се договориме за тоа што е среќа? Секој човек различно гледа на среќата и нам различни работи не прават среќни.

А кој може најубаво да пишува за среќата од генијалните книжевни умови? Луѓето кои со своите зборови не префрлаат во други светови и други времиња? Ова се неколку прекрасни цитати за среќата од некои од најпознатите и најдобрите писателски имиња.

„Едната половина од светот не може да ги разбере задоволствата на другата половина.“ – Џејн Остин.

„Задоволството од читање е удвоено кога човек живее со друга личност која ги споделува и сака истите книги.“ – Кетрин Менсфилд.

„Среќата во овој свет, кога доаѓа, доаѓа случајно. Ако ја направите цел по која ќе трагате, тогаш ќе ловите во празно и никогаш нема да ја добиете. Почнете да следите друга цел и многу е можно да ја фатите среќата, без воопшто да сонуваме за неа.“ – Натаниел Хоторн.

„Ако само престанеме да се обидуваме да бидеме среќни, ќе си поминуваме одлично.“ – Едит Вартон.

„Среќа кај интелигентни луѓе е најреткото нешто што го познавам.“ – Ернест Хемингвеј.

„Човек мора да помине толку многу години учејќи да биде среќен. Јас само што почнав да имам некој напредок во науката и се надевам дека ќе ја побијам теоријата на Јанг дека „само што ќе го најдеме клучот на животот, ќе ги отвориме вратите на смртта.“ Секој година ни одзема барем едно залудно очекување и не учи како да препознаеме некое добро на неговото место. Никогаш нема да верувам дека нашите најмлади денови се најсреќните. Каков мизерно потценување на прогресот на трката и дестинацијата на поединецот со тоа што се тврди дека позрелата и просветлената состојба е помалку среќна!“ – Џорџ Елиот.

„Некои предизвикуваат среќа каде и да одат, некои кога си одат.“ – Оскар Вајд.

„Ако повеќето од нас ја ценеа храната, песната и прославувањето повеќе од златото, ова ќе беше посреќен свет.“ – Џ.Р.Р. Толкин.

„За секоја минута лутина, губите 60 секунди среќа.“ – Ралф Валдо Емерсон.

„Никогаш нема да бидете среќни, ако постојано сте во потрага да дознаете од што се состои среќата. Никогаш нема да живеете, ако постојано ја барате смислата на животот.“ – Албер Ками.

„Не постои ништо толку добро како длабоко земање воздух по непрекинато смеење. Нема ништо толку добро на овој свет како болки во стомакот заради сите правилни причини.“ – Стивен Чбоски.

„Да бидеме благодарни на луѓето кои не прават среќни. Тие се како шармантни градинари кои прават нашата душа да цвета.“ – Марсел Пруст.