сабота, 23. март 2019. Вести денес: 42
home Живот и стил

Чувајте го својот ангел!

Чувајте го својот ангел!

Еден ден, еден ангел му се обратил на еден човек:

„Дали сакаш да ти го покажам твојот живот?“

Човекот му рекол: „Да, сакам.“

Ангелот го кренал над земјата и човекот можел да го види целиот свој живот и покрај своите стапки, здогледал уште еден пар стапки.

„Кој е тоа покрај мене?“

„Тоа сум јас. Јас бев покрај тебе во текот на целиот твој живот.“

„А зошто на моменти има траги од само еден пар стопала?“

„Тогаш проаѓаше низ твоите најтешки моменти во животот.“

„И што? Ме остави сам во најтешките моменти? Како си можел да ме напуштиш?“ – тажно воздивнал човекот.

„Не, тогаш те носев на раце.“ – тивко одговори ангелот.