понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 85
home Живот и стил

Чудесните својства на оцетот од јаболко

Чудесните својства на оцетот од јаболко

Оцетот од јаболко е најпознат природен лек против одвишни килограми, го забрзува метаболизмот, а одличен е и за нега на кожата и косата. Оцетот од јаболки веќе со векови се користи во исхраната, но и во медицински цели. Го намалува покачениот крвен притисок, помага при болести на грлото, лошо варење,
слаба циркулација и метаболизам, а ја чува и витата става.

Неутрализира мириси
Ако во вашиот дом се чувствува непријатен мирис од кој не можете да се ослободите, мало количество оцет од јаболко ставете во сад на местото каде што го чувствувате мирисот и набргу ќе уживате во пријатна арома.

Убива плевел
Измешајте два литри оцет од јаболко, 1/4 четвртина шоља сол и 1/2 лажичка детергент за садови. Плевелот испрскајте го со оваа мешавина која ефикасно ќе го убие. Внимавајте при тоа да не ги испрскате билките кои сакате да ги задржите.

Го чисти лицето
Поради своите антибактериски својства идеален е и за чистење на лицето. Може да помогне во отстранување на мозолчињата како и во рамнотежа на Пх на кожата. Во вода додајте малку оцет, натопете парче памук и избришете го лицето.

Отстранува модринки
На местото каде што сте се удриле или веќе се појавила модринка натапкајте со малку оцет од јаболко. Ќе делува противвоспалително и ќе ја намали дисклорацијата.

Отстранува лош здив

Гргорете мало количество оцет од јаболко во устата. на тој начин ќе ги убиете бактериите кои ви предизвикуваат лош здив.

Косата ја прави сјајна и мека

Истурете 1/3 шоља оцет од јаболко во четири шољички вода и со тоа исплакнете ја косата после шампонирањето, а потоа само со вода. Ако имате проблем со перут, два пати неделно измивајте се со оваа мешавина од оцет од јаболко и вода. Завиткајте ја косата со пешкир и оставете да стои еден час. Потоа косата измијте ја како и обично.

Служи како дезодоранс
Не можете да најдете поздрав дезодоранс од оцет од јаболко. Нанесете малку оцет од јаболко под пазувите и почекајте да се исуши.

Отстранува непријатен мирис на нозете
Избришете ги нозете со хартиено марамче натопено во оцет од јаболко.

Помогнува при слабеење

Оцетот од јаболко ве прави посити, а неговата киселина спречува таложење на мрсни наслаги.

Помогнува при воспалување на грлото

Штом ќе почувствувате болка во грлото гргорете мешавина од еднакво количество топла вода и оцет од јаболко за да на време ги запрете компликациите. Постапката повторете ја после еден час.

Ги чисти синусите
Отстранува и слуз која се собира во синусите и го отежнува дишењето. Неговите антибактериски својства исто така спречуваат воспалување на синусите и настинка. Испијте малку вода измешана со оцет од јаболко.

Го подобрува варењето
Ако ве мачи „пробавата“ истурете малку оцет од јаболко во вода или сок и испијте. Пектинот во оцетот ќе ја олесни работата на цревата.