среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Четири работи кои детето ги наследува од мајката

Порано или подоцна, на неа ќе личите најмногу
Четири работи кои детето ги наследува од мајката

Мајката директно влијае врз многу работи: на нашата интелигенција, но и на однесувањето во љубовните врски. Иако генетиката несомнено е комплицирана работа, истражувањата покажале дека некои специфични особини и квалитети ги наследуваме од мајките.

Па така, без разлика дали вашето дете личи на вас или на сопругот, науката вела дека поголеми се шансите овие четири особини да ги наследите од мајката…

1. Интелигенција
Детето најверојатно ќе ја наследи интелигенцијата од мајката, а не од таткото. Големи истражување на Универзитетот во Глазгов во кое биле прегледани повеќе од 12.000 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години, утврдило кои фактори влијаат врз интелигенцијата, вклучувајќи ги и социоекономскиот статус и образованието. И најголемо влијание имала нивната мајка! Всушност, нивниот коефициент на интелигенција варирал само околу 15 бодови во споредба со оној на мајката.

2. Рутини и навики за спиење
Ако детето има проблеми со спиењето, можеби е на мајка му. Истражување објавено во магазинот Sleep Medicine минатата година, укажува на тоа дека мајките ги пренесуваат своите навики за спиење на децата и дека децата чии мајки имаат проблем со несоница, подоцна одат на спиење и помалку се одмораат. Интересно е што научниците не ја нашле истата поврзаност со татковците.

3. Брзина на стареење
Иако ова не е важно за вашите мали деца, можеби ќе ве натера да почнете да размислувате за вашата мајка и за начинот на кој стареете. Изгледа дека гените на нашите мајки влијаат врз тоа. Научниците од институтот Max Plank откриле ДНК од митохондриите која ја наследуваме исклучиво од мајката, а која може делумно да го контролира стареењето. Истражувањето било извршено на глувци, а не на луѓе, па затоа потребни се понатамошни испитувања за да се потврди.

4. Минување низ менопауза
Иако ни ова не е важно за вашите мали деца, важно е за вас, а ќе биде важно и за вашите ќерки кога ќе станат жени. Изгледа дека периодот во кој ќе минувате низ менопауза може да биде наследен од вашата мајка. Истражување од 2011 година на британскиот Институт за истражување рак, спроведено на повеќе од 2.000 жени, открило дека и предвремената и задоцнетата менопауза (пред 45 година и после 55 година) се наследуваат од семејството.

Откриено е дека жените чии мајки и сестри рано или доцна поминале низ менопауза, имаат шест пати поголеми шанси истото да се случи и кај нив. Меѓутоа, истражувачкиот тим нагласил дека не е важна само генетиката, туку и стилот на живот кој исто така може да игра голема улога. На пример, жените кои пушат обично минуваат низ менопауза две години порано.

Коронавирус