петок, 13. декември 2019. Вести денес: 129
home Живот и стил

Четири правила на воспитување според древна тибетска метода: Вака децата ќе ве почитуваат цел живот!

Четири правила на воспитување според древна тибетска метода: Вака децата ќе ве почитуваат цел живот!

Луѓето од Тибет се трпеливи, мудри и имаат единствен поглед кон човечкиот живот, па така имаат и свој начин на воспитување деца

Секој родител сака неговото дете да стане среќен и мудар човек. Меѓутоа, начинот на кој се стигнува дотаму честопати зависи од општествените правила и за работите што некој народ ги смета за правилни и мудри.

Во книгата „The Tibetan Art of Parenting: From Before Conception Through Early Childhood“ авторите Ани Маиден Браун, Еди Фарвел и д-р Дики Најеронг објасниле како Тибетанците ги воспитуваат своите деца.

Оваа мистична земја често се опишува како земја на мудроста и духовноста во која живеат среќни луѓе, а токму во оваа книга е запишан нивниот секојдневен живот со доза мудрост.

Според книгата, постојат четири важни периоди во детскиот живот:

  1. Период до петтата година – третирајте го детето како крал

Границата помеѓу послушноста и разбирањето мора да биде видлива. Ништо не смее да биде забрането, а расеаноста треба да се користи како алатка. Овие први години ги обликуваат активностите, љубопитноста и интересите на детето. Родителите не смеат да заборават дека детето се’ уште не може да извршува долги логички активности и дека казната ќе ја сфати како покажување сила.

  1. Период до десеттата година – третирајте го детето како роб

Ова е период кога кон детето треба да се однесувате како кон роб. На децата треба да им се даваат задачи и тие треба да бидат завршени. За сите неуспешно завршени работи, казните се состојат од совети и објаснувања. Меѓутоа, треба да ја одбегнувате физичката казна по секоја цена. Ова е период кога интелигенцијата активно се развива. Исто така, детето треба да научи да ги предвиди реакциите на луѓето на неговите постапки, да заземе позитивен став кон другите и да одбегнува негативни манифестации. Главниот фокус треба да биде на зголемувањето на детската желба кон знаењето.

  1. Период од десеттата до петнаесеттата година – третирајте го детето како рамноправно

Иако ова може да ви звучи чудно, со оглед на тоа што родителот е човек со повеќе искуство и образование, детето треба да биде третирано на истиот начин. Сега е вистинско време да му доверувате важни прашања на детето за да ја зајакнете неговата независност. Постојаното давање совети и слушањето на неговите барања и предизвици треба да ви биде приоритет. Во текот на тој период се развива автономијата и независноста  во нивниот начин на размислување.

  1. Период од петнаесеттата година – третирајте го детето со почит

Почитта е последната лекција, но не и најмалку важна. Сега е доцна да го учите детето на која било друга вредност, време да ги соберете плодовите од својата работа со него.

Во текот на оваа важна фаза, обрнете внимание на следниве тибетски мудрости, бидејќи можат многу да ви помогнат.

извор: ubavinaizdravje.mk