вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 115
home Живот и стил

Буковски и неговите брутално искрени редови: „Луѓето кои сите ги сакаат не го менуваат светот“

Буковски и неговите брутално искрени редови: „Луѓето кои сите ги сакаат не го менуваат светот“

Американскиот поет и писател Чарлс Буковски е познат по својот едноставен стил на пишување, секојдневниот јазик и брутално искрените редови.

Ова се некои од тие редови:

„Луѓето кои сите ги сакаат не го менуваат светот.“

„Почнуваш да го спасуваш светот спасувајќи човек по човек, сѐ останато е или грандиозна романтика или политика.“

„Колку посилен станува човекот, толку е и поосамен – тоа е чиста математика.“

„Не е смртта она што е ужасно, туку животите кои луѓето ги живеат или не ги живеат пред да умрат. Тие не ги почитуваат своите животи, тие уринираат врз нив. Грдо изгледаат, грдо зборуваат, грдо одат. Пушти им грандиозна музика и тие нема да ја слушнат. Поголемиот дел од умирањата на луѓето се обична измама. Ништо не останало за да умре.“

„Секако дека е возможно да љубиш човечко суштество, но само под услов да не го познаваш доволно добро.“

„Кога нема болка, тоа е крајот на чувствата. Секое наше задоволство е трговија со ѓаволот.“

„Писателите се очајни луѓе и кога ќе престанат да бидат очајни, престануваат да бидат писатели.“

„Јас навистина немам кому да дадам љубов, но и немам никој кој заслужува тоа.“

„Да те запознаев, знам дека ќе те повредев, или ти мене, затоа најдобро е вака.“

„Смртта не е ништо, брату, животот е она што е тешко.“

„Постојат многу полоши работи од осаменоста…“

„Интелектуалецот кажува едноставна работа на комплициран начин, уметникот кажува комплицирана работа на едноставен начин.“

„Она што е најважно е колку добро одиш низ оган.“

„Заљубените луѓе често одат од крајност во крајност, стануваат опасни. Губат чувство за перспектива. Губат смисла за хумор. Стануваат нервозни, патолошки заморувачи. Стануваат дури и убијци.“

„Човечкиот род преувеличува сѐ, своите херои, своите непријатели, своето значење.“

„Просечната девојка попрво би имала убавина отколку памет, затоа што знае дека просечниот маж подобро гледа отколку што размислува.“