петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Брачен советник открива: Кои се топ 3-те причини за развод?

Брачен советник открива: Кои се топ 3-те причини за развод?

Рејчел Сасман е брачен советник од Њујорк, кој има огромно искуство во тоа зошто се разделуваат модерните парови.

brachen-sovetnik-otkriva-koi-se-top-3-te-prichini-za-razvod-vo-svetot-02.jpg

Таа открива кои се топ 3-те причини за развод:

Партнери со различно либидо и со тоа сексуално незадоволство

Ако едната личност сака да има секс повеќе од другата, тогаш логично е дека ќе биде сексуално исфрустрирана.

Иако, типично мажите имаат поголема сексуална желба, Сузан вели дека има и голем број парови во кои жените имаат посилно либидо.

Сузан ги советува паровите да се обидат да се најдат на половина пат во поглед на очекувањата од сексот. Таа дури им дава и „вежби“, кога тие треба интимно да се поврзат со милувања и прегратки, а не секогаш со секс.

brachen-sovetnik-otkriva-koi-se-top-3-te-prichini-za-razvod-vo-svetot-04.jpg

Умирање на страста

Многу парови се загрижени дека повеќе не чувствуваат страст еден кон друг како некогаш, но Сузан ги советува дека тоа е сосема нормално.

Таа додава дека страста не треба да очекуваме дека ќе биде таму, туку треба да ја креираме. Дури и тоа да значи закажан секс и пробување на нешто ново, по договор.

brachen-sovetnik-otkriva-koi-se-top-3-te-prichini-za-razvod-vo-svetot-03.jpg

„Спротивностите се привлекуваат“ не функционира на долг рок

Со текот на времето како да почнуваме да ги презираме работите кои се спротивни од нас. На пример, едниот партнер може да биде многу дружељубив и авантуристички настроен, додека другиот сака да седи дома пред телевизорот.

На почетокот тоа може да изгледа привлечно и партнерите да си воспоставуваат баланс, но со текот на времето луѓето сè помалку прават компромиси и застрануваат по својот пат, па така доаѓа до недоразбирања.

Не значи дека треба да се состанувате со копија на себеси, но не треба ниту со тотална спротивност, вели Сузан.