недела, 26. мај 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Бизарна смрт: Милијардер умре додека му го зголемувале пенисот

Бизарна смрт: Милијардер умре додека му го зголемувале пенисот

За време на операцијата за зголемување на пенисот во Париз, од срцев удар починал милијардерот и трговец со дијаманти, 65-годишниот Ехуд Арие Ланиадо.

Ланиадо бил во засега неименувана приватна клиника во главниот град на Франција во саботата, кога се случиле компликации во текот на операцијата, кои на крајот се покажале како фатални.

Овој искусен трговец со дијаманти доживеал срцев удар кога во неговиот пенис била вбризгана супстанца, јавиле белгиските медиуми.

Неговата компанија “Omega Diamonds’, со седиште во белгискиот град Антверпен, потврдила дека Ланиадо починал.

“Збогум визионерски претприемнику. Со голема тага потврдуваме дека нашиот основач Ехуд Арие Ланиадо почина”, стои во соопштението од компанијата, пишува “Daily Mail”.

Пријател на господинот Ланиадо, кој сакал да остане анонимен, рекол дека милијардерот секогаш бил сконцентриран на својот изглед и на тоа како го гледаат другите.

“Го нарекувавме Аргентинец бидејќи изгледаше како играч на танго”, рекле во компанијата “Imega Diamonds”.

Ланиадо наводно го поседувал најскапиот пентхаус во Монако вреден повеќе од 30 милиони фунти, како и куќа во отменото предградие на Лос Анџелес, Бел Ер, каде наводно со модели сакал да пие скапи вина.

“Откако проживеа неверојатен живот, Ехуд ќе биде вратен дома во Израел на последното почивалиште. На сите многу ќе ни недостасува”, било соопштено од неговата компанија.

Експертот за дијаманти ја започнал својата кариера во Африка во раните 90-ти. Не одел на факултет, а пред тоа работел како масер во хотел “Hilton” во Тел Авив.

Во Антерпен се покажало дека е талентиран. Бил меѓународно познат како еден од најголемите експерти во проценката на сирови дијаманти, рекол еден негов пријател.

Во 2015-та година го продал најскапиот дијамант на светот познат како “Blue moon of Josephine”. Му го продал на хонконшки бизнисмен за 48 милиони евра.

Овој белгиско-израелски милијардер, чие точно богатсво не е јавно познато, имал проблеми со властите во 2013-та година, како и неговиот деловен партнер Силвен Голдберг. Двајцата прифатиле да исплатат 160 милиони евра за да не им се суди за затајување на данок. Меѓутоа, бидејќи белгиската царинска служба и натаму се сомневала дека не им ги дале целосните информации за некои дијаманти кои ги увезле од Ангола и Конго, и натаму барале 4,6 милијарди евра неплатен данок, како и 2 милијарди евра казна.

Иако судовите ги одбиле тие барања од белгиската царина, апелациониот суд наложил ново судење за Ланиадо, кое требало да се одржи на 14-ти март.