четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 108
home Живот и стил

Била мртва 27 минути, а кога се вратила во живот напишала само едно нешто- нејзината внука ги истетовирала тие зборови (ФОТО)

Била мртва 27 минути, а кога се вратила во живот напишала само едно нешто- нејзината внука ги истетовирала тие зборови (ФОТО)

Тина Хајнс била клинички мртва 27 минути, па откако се вратила во живот, побарала пенкало и хартија… Напишала само едно нешто: „Тоа постои”.

Кога ја прашале на што мисли, таа само погледнала нагоре…

Потоа раскажала дека кога срцето ѝ застанало, го видела рајот. Претходно, Тина со сопругот биле на планинарење во Феникс, Аризона, САД, каде што се случила незгода и таа била тешко повредена. Болничарите потоа, за 27 минути се обиделе да ја оживеат шестпати, пишува интернет-страницата „АЗ фемили“.

– Беше толку реално, боите беа така живописни… И, во еден миг, видов силуета за која сум сигурна дека беше Исус, кој стоеше пред црни порти зад коишто пак, се наѕираше силна жолта светлост, раскажува Американката.

Нејзината внука Меди Џонсон ѝ верува, па на зглобот си ги тетовирала зборовите на тетка ѝ – „Тоа постои”, на истиот начин на кој и биле запишани.

– Нејзината приказна е премногу стварна за да не ја споделам со вас. Тоа ми даде посилна верба во мојата вера, напиша Меди на Инстаграм.