Секоја жена сонува еден ден да стане мајка иако некои бремености се тешки и неподносливи.
Пример за една несекојдневна бременост е Марија од Копенхаген која откако дознала дека после својот двегодишен син ќе добие тројка останала во шок.
Истиот момент одлучила целата бременост да ја помине фотографирајќи се, па така да разликата е повеќе од воочлива од првиот месец до деветтиот.
Марија забременила по природен пат, иако тројките се добиваат вообичаено по пат на вештачко оплодување.
Научниците откриваат дека по природен пат се зачнуваат тројки еднаш на секои 9 илјади бремености.
Марија инаку се породи неодамна и на свет ќе донесе двата сина Ибен и Филип и ќерката Агнес.