четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Бил мафијаш, но си го променил животот од корен: Сега никој не сака да го вработи, погледнете поради што

Бил мафијаш, но си го променил животот од корен: Сега никој не сака да го вработи, погледнете поради што

Поранешен мафијаш успеал да си го промени животот, но вели дека тешко ќе најде работа поради големата тетоважа која го покрива неговото лице.

Пук Кирека ослабел 30 килограми и почнал да игра рагби во надеж дека ќе го смени својот пат и ќе почне да живее поздраво.

Таткото на три деца од Нов Зеланд се откажал од животот во банда во 2008 година, кога завршил во затвор.

Тој открива дека првпат на суд бил кога имал 16 години, но во меѓувреме станал инспирација и на други криминалци кои сакаат да си го сменат животот.

Кирека сега сака да отвори спортско–рекреативен курс со цел да стекне диплома и осигурување на работата во спортската индустрија.

-Знам дека ќе биде тешко да добијам работа со мојата тетоважа. Секогаш ќе бидам мафијаш, но важно е да покажам дека можеме да имаме подобри животни стилови. Сакам и други да наведам на подобар начин на живот. Многу од нив сѐ уште пијат и пушат. Кога ќе се држат подалеку од неприлики, сѐ уште ги уништуваат својте животи со таков животен стил, вели тој.