недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Живот и стил

Бидете уникатни: Офарбајте ги велигденските јајца со помош на ориз

Бидете уникатни: Офарбајте ги велигденските јајца со помош на ориз

Офарбајте велигденски јајца со помош на ориз.

Потребен ви е долг ориз кој го има по маркетите, течна боја за јајца или во гел, округол пластичен сад и ракавици.

За секоја боја се користи посебен сад. Се комбинираат и по две бои.

Се става во две лажици долг ориз, никако не се полни садот до врв. Се ставаат неколку капки боја врз него и се меша за да се обои оризот.

Се става јајцето варено внатре, се затвара садот и убаво се протресува да се обои, но немојте да биде јако да не пукне јајцето.

По потреба промрдајте го со раце, затоа и ви требаат ракавици.

За секоја боја се користи посебен сад.

Се ладат потоа јајцата и се премачкуваат со масло за сјај.