недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Бездомник заврши во болница: Погледнете што направија неговите пријатели – кучињата скитници (ВИДЕО)

Бездомник заврши во болница: Погледнете што направија неговите пријатели – кучињата скитници (ВИДЕО)

Овој бездомник од Бразил бил префрлен во локалната болница откако доживеал удар. Тој нема покрив над главата, но има најдобри пријатели кои се грижат за него и го сакаат. Шест од нив останале покрај болницата цело време чекајќи го да се врати, а персоналот на болницата успеале да ја снимат оваа трогателна глетка.

На видеото може да се види како кучињата трчаат позади амбулантното возило сѐ до влезот на болницата. Изморени од долгиот пат тие успеале да стигнат до болницата, да го охрабрат нивниот пријател да закрепне од ударот.

Луиз и неговите кучиња живеат како бездомници веќе 2 децении, а семејството на Луиз иако се обидувале да го убедат да му најдат место за живеење, тој сепак одбрал да живее надвор на улиците заедно со неговите пријатели кучиња.

По стресната ноќ, состојбата на Луиз се стабилизирала и тој бил пуштен од болница. Но, бидејќи бил изнесен преку друг излез, не било возможно веднаш да се види со неговите кучиња. Бидејќи не знаеле дека ја напуштил болницата, кучињата продолжиле да го чекаат пред влезот на болницата.

Откако заздравел и го завршил престојот кај својот брат, Луиз повторно се соединил со своите најдобри пријатели, а на среќата на кучињата и немало крај!

Извор: Среќа