петок, 18. септември 2020. Вести денес: 121
home Живот и стил

Бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“

Бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“

Клубот за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“ на 9-ти и 10-ти февруари организира бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“ на која можат да се пријават сите заинтересирани припаднички на понежниот пол.

„Буџинкан Македонија“ е првиот македонски клуб за боречки вештини кој уште во 2008 година почна да организира вакви настани и оттогаш работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.

Учесничките на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со техниките на борба кои пред повеќе векови биле развиени од страна на јапонските жени-воини, познати под името Куноичи.

Настанот се одржува веќе десет години по ред, а како што веќе споменавме ќе биде бесплатен за првите 25 учеснички кои ќе се пријават на телефонскиот број 075 564 011. Водител на програмата ќе биде инструкторката Сања Симонова, заедно со неколку членови на клубот.

Доколку имате прашања, слободно контактирајте го организаторот на горенаведениот телефонски број,  или проверете ги информациите на веб страницата koryu.mk.

Коронавирус