вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 43
home Живот и стил

Беше најубаво девојче: Од 2- години се шминкаше и одеше на соларуим, еве како изгледа денес (ФОТО)

Беше најубаво девојче: Од 2- години се шминкаше и одеше на соларуим, еве како изгледа денес (ФОТО)

Не е тајна колку кај Американците се популарни детските натпревари за убавина, а голем број мајки токму во нив гледаат можност нивните дека да станат менекенки или модели. Но, се има две страни, па и ова, а тоа најдобро на своја кожа го почувствувала младата Един Вуд.

Лицето на ова девојче е многу познато, неколку пати победуваше на различни натпревари за убавина, а беше прогласена и за најубаво девојче.

Нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите кога имала само 2 години, инсистирајќи на тоа синооката Един секогаш да биде дотерана, со совршена фризура, нашминкана и облечена во дамски фустани.

Мики до таа мера сакала да ја зачува убавината на својата ќерка што ја терала да јаде исклучиво нискокалорична храна, ја носела и на солариум, секојдневно ѝ давала енергетски пијалоци, за Един да биде добро расположена.

Ваквиот начин на живот и темпо не се одразиле добро врз здравјето на оваа млада дама- континуирано имала силни главоболки, а добила проблеми и со метаболизмот.

Подоцна испливале и информации дека Мики често ја тепала својата ќерка, а целта било Един да создаде отпор на стресни ситуации.

На крајот оваа мајка била предупредена дека мора да го промени однесувањето за државата да не ѝ го одземе детето, а и самата Един решила да престане да се натпреварува кога наполнила 6 години и освоила 300 титули.

Денес таа има 14 години, а и понатаму се занимава со моделинг, но во далеку помала мера.

Погледнете како изгледа.