понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 128
home Живот и стил

Авантурата ја чинеше живот: Славната девојка од Инстаграм премрзна до смрт

Авантурата ја чинеше живот: Славната девојка од Инстаграм премрзна до смрт

Ву имала голем број на фанови на Инстаграм и Фејсбук, каде објавувала фотографии од своите авантури.

Жената од Тајван позната по тоа што се искачувала на планини носејќи само бикини, била пронајдена мртва во национален парк. Според зборовите на надлежните, таа премрзнала до смрт.

36-годишната Џиџи Ву, која себеси нарекувала “бикини излетник“, на социјалните мрежи ги објавувала своите искачувања, а во последната авантура отишла на самостоен излет низ националниот парк Јушан.

Една недела подоцна, повикала пријател преку сателитски телефон и му кажала дека паднала низ клисура, пренесува “Daily Mail”. Поради лошите временски услови, хеликоптер не можел веднаш да тргне во потрага, а таа била пронајдена 28 часа подоцна, целосно замрзната.

Ву наводно паднала во тесна клисура кога сакала да се искачи на највисокиот врв на Тајван.

Рекла дека била заробена на дното и не можела да се движи поради повредите кои ги добила при падот.

Спасувачите рекле дека во таа клисура температурата била околу 2 степени.

Ву имала голем број на фанови на Инстаграм и Фејсбук, каде објавувала фотографии од своите авантури.

Неодамна соопштила дека во 2018-та година дури 127 дена минала на планинарење.

Коронавирус