среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Живот и стил

Анкета на тема девојки и брадести мажи

Анкета на тема девојки и брадести мажи

Можеби ова е причината зошто сè повеќе мажи носат долги бради….

Ладните месеци носат големи промени, па покрај подолгите фризури, тука се и долгите бради. Да, знаеме дека тие се хит последниве години во поглед на мачо и хипстер стилот, но последната анкета на Journal of Evolutionary Biology, вели дека истата може полесно да ви донесе и девојка (one night stand или за сериозно).

Најновото истражување имаше за цел да утврди дали мажите со брада се попривлечни и дали жените претпочитаат мажи со мазно или влакнесто лице. Анкетата вели дека девојките кога се во потрага по мажи, пред се за посериозна врска, тие целат кон брадестите мажи.

На сите слики од анкетата, девојките повеќе шанса давале на мажите со подолга брада, него на оние без или со скроз малку тримувана брада. Затоа не се зезајте, време е за брада.

 

Коронавирус