понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 56
home Живот и стил

Ако размислувате да ставите силиконски гради, мора да сте свесни за овие проблеми

Ако размислувате да ставите силиконски гради, мора да сте свесни за овие проблеми

Жените кои имаат импланти во градите би требало да бидат информирани за хроничната болка и замор кој може да се јави по вградувањето на силиконот, гласи ставот на Асоцијацијата на пластични хирурзи на Велика Британија.

Жени секојдневно се жалат на т.н. „синдром на имплантите во гради“ за којашто има многу малку научни истражувања… Асоцијацијата затоа иницираше испитување во оваа област.

Оваа болест не е официјална дијагноза, но кај некои се појавуваат тие слични проблеми и, како што самите испитанички велат, целосно се опоравиле дури кога силиконот бил отстранет. Според официјални извештаи, во Велика Британија се направени над милион операции за вградување силикон, а повеќето пациентки се задоволни.

Но, има и такви кои доживеале компликации, на кои не биле предупредени. Една од нив е фитнес-инструкторката Наоми Мекартур, која ги вградила имплантите 2014 година.

-Почувствував бодежи во стомакот и замор како да сум трчала маратон или копала ров, иако тогаш не вежбав. Дури и пишувањето ми беше напорно. Како што времето минуваше, почна и косата да ми опаѓа, а добив и алергија и исфрлања. Беше ужасно, раскажува Мекартур.

Само неколку дена по отстранувањето на силиконот, сите тие проблеми кај девојката исчезнале.

Слично истражување околу овој синдром, започна и Управата за храна и лекови во САД. (МИА)

Коронавирус