петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Живот и стил

Ако мајката го јаде ова додека дои, може да го заштити бебето од алергии

Ако мајката го јаде ова додека дои, може да го заштити бебето од алергии

Најновото истражување заговара дека децата треба да бидат изложени на јаткасти плодови рано во животот. Истражувачи од Канада откриле дека децата имале пет пати помала веројатност да развијат алергија, ако нивните мајки јаделе јаткасти плодови, а посебно кикиритки, додека го доеле и пред децата да навршат година дена.

– Откривме дека воведување на кикиритки пред 12 месец на животот на бебето било поврзано со намалување на ризикот од чувствителност на кикиритки до школска возраст, посебно меѓу деца чии мајки консумирале кикиритки во текот на доењето-рекла главната авторка на студијата др Трејси Пит.

Пасивното изложување на кикиритки низ мајчиното млеко и воведување на кикиритки во исхраната во првата година од животот може да ја намали чувствителноста на кикиритки до седната година на животот на детето.

Националниот институт за здравство на САД ги ажурирал сопствените насоки, во јануари годинава, во кои се наведува дека децата би требало да бидат изложени на храна која содржи кикиритки уште од четвртиот месец како би се ублажиле и се сузбијат алергиските реакции.

Меѓутоа, новата студија сугерира дека мајките можат да почнат да градат толеранција на бебето од првиот ден.

-Ако родителите се загрижени поради воведување на кикиритки во исхраната на своето дете, а посебно на децата кои веќе имаат постоечка алергија, како што се егзем, астма или алергија на храна, важно е тоа да се направи на безбеден и на возраста примерен начин, на пример не давајќи им на децата цела кикиритка бидејќи тоа претставува и ризик од задушување, е советот на др Трејси Пит.

Коронавирус