недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Живот и стил

Ако личноста која ја сакате прави да се чувствувате како да не вредите, прочитајте го ова

Ако личноста која ја сакате прави да се чувствувате како да не вредите, прочитајте го ова

Кога личноста за која сте имале најмногу љубов во себе направила да се чувствувате како да не вредите, што можете да направите? Се чувствувате толку сами.

Болката е голема, бидејќи имате толку љубов во себе за таа личност. Таквата љубов е толку голема, што понекогаш забораваме што навистина заслужуваме. Дека заслужуваме иста таква љубов. Дозволуваме да мислиме дека и тоа нивното е љубов, дека токму тоа го заслужуваме. Дека другата личност не знае да сака поинаку.

Со тек на време се чувствувате безвредно, се чувствувате толку мали. Верувате во сите ужасни лаги кои ги кажуваат. Мислите дека со тек на време ќе се подобрат нештата. Дека тоа е привремено и дека ќе биде многу подобро.

Затоа, постојано им простувате бидејќи мислите дека тоа е најдобриот избор. Но, ако прават да се прашувате колку вредите, тие веќе победиле.

НИКОЈ, апсолутно никој нема право да направи да се чувствувате така. Особено не личноста за која имате толку љубов во себе. Не го дозволувајте тоа.

Другите луѓе никогаш нема да разберат како се чувствувате, понекогаш се запирате мислејќи дека не сакате да зборувате со нив за тоа, дека никогаш нема да разберат, но не ја чувајте болката во себе.

За почеток, заминете си! Не дозволувајте ниту уште еден ден да се чувствувате како да не вредите.  Не ја дозволувајте таа тежина во главата и срцето. Потсетете се на својата вредност, сетете се колку вредите и сетете се колку се смеевте и колку бевте среќни претходно.

Заминете бидејќи личноста која ви го прави тоа не заслужува ни трошка енергија и почит од вас.

 

Коронавирус