понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Живот и стил

Адријана Лима ја откри тајната која сите жени сакаат да ја знаат

Адријана Лима ја откри тајната која сите жени сакаат да ја знаат

Манекенката Адријана Лима важи за една од најсексапилните жени во светот поради нејзиното фит и затегнато тело на кое многумина можат да позавидат.

Иако е познато дека таа редовно вежба, Лима тврди дека исто така многу внимава на својата исхрана.

Тајната на нејзиниот изглед сакаат да ја знаат сите жени, па таа реши истата да ја сподели со нив.

Таа вели дека за одржување на витката линија најважен оброк е појадокот и дека пронашла совршен напиток кој и дава доволно енергија за целиот ден. Комбинацијата од хранливите состојки во ова смути го забрзуваат метаболизмот и даваат чувство на ситост.

Во продолжение рецептот од едноставниот, но хранлив напиток.

Состојки:
– 1 шолја вода
-1/2 авокадо
-лажица мед

Подготовка:
Во блендер сипете ја водата, а потоа додадете го авокадото. По неколку минути блендирање додадете мед по желба. Се добро измешајте и вашиот напиток е готов.

Коронавирус