среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

7 трендови што ќе ви помогнат да бидете забележани оваа пролет

7 трендови што ќе ви помогнат да бидете забележани оваа пролет

Повеќето парчиња облека се модни класици што веројатно ги имате во вашиот плакар, така што новата мода не мора да значи празен паричник. Најновите пролетни колекции се веќе претставени на модните ревии и сосема е јасно кои парчиња облека ќе бидат апсолутен хит оваа пролет. Погледнете за каква облека станува збор.

1. Тренерки во гламурозен стил

Изберете гламурозен модел што ќе изгледа елегантно и луксузно во комбинација со потпетици и со елегантна чанта.

2. Панталони и високи чизми

Иако сте навикнати да носите високи чизми над тесни фармерки или под широки панталони, оваа сезона широките панталони ќе се вовлекуваат во чизмите.

3. Капути и јакни со крзнена јака

Тренд што постојано се враќа во мода.

4. Неутрални тонови

Веднаш штом ќе ги видите првите зраци на пролетното сонце имате желба да направите неодолива пастелна комбинација. Сепак, оваа пролет повеќе ќе се носат неутрални нијанси како бела, кремова, светлосива и сл.

5. Чанта како впечатлив детаљ

Колку повеќе е неутрална комбинацијата на облеката, толку повпечатлива може да биде чантата.

6. Кожена облека

Не е важно дали е здолниште, панталони или нешто друго, кожата е во тренд и оваа пролет. Едно кожено парче облека ќе ја направи целата комбинација повпечатлива и нема да останете незабележани.

7. Венче за коса

Ако поради некоја причина не носите впечатлива чанта, можете да носите впечатливо венче за коса. Правилото е исто – колку повпечатливо, толку подобро.

извор: кафепауза