петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

7 тестови кои неопходно е да ги правите еднаш годишно: Вака болестите се откриваат во почетна фаза, а крвта покажува сè

7 тестови кои неопходно е да ги правите еднаш годишно: Вака болестите се откриваат во почетна фаза, а крвта покажува сè

Доколку навистина ви значи вашето здравје, редовно треба да се тестирате , да одите на систематски прегледи, па дури и доколку немате алармантни симптоми.

Листа на важни прегледи и тестови за човекот:

1. Шеќер во крвта

Зголеменото ниво на глукозата во крвта служи како сигнал дека телото или не произведува доволно инсулин или пак истиот не го користи правилно. Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да предизвика дијабетес, па поради тоа важно е еднаш годишно да ја проверувате вредноста на глукозата.

2. Липиден статус

Липидниот статус ќе го покаже нивото на холестеролот и триглицеридите, а тоа е важно за да имате претстава за ризикот од развој на срцеви болести. Важно е да се тестирате еднаш годишно.

3. Тест за тироидна жлезда

Штитната жлезда произведува хормони кои што се одговорни за вашиот метаболизам. Кај жените често се дијагностицира недостаток на активност на штитната жлезда или пак обратно, нејзина хиперактивност. Тестовите TSH и T4 ќе го покажат нивото на хормонот за да се разбере како жлездата функционира. Симптоми за неисправност на работата на штитната жлезда се: умор, зголемен апетит, пречувствителност на настинка, слабост во мускулите, кршлива коса и нокти, проблеми со тежината.

4. Витамин Д

Витаминот Д е важен за сила во коските и други телесни функции. Постарите луѓе вообичаено патат од негов недостаток.

5. Железо, витамин Б12, магнезиум

Овие супстанци и минерали се многу важни за нормалното функционирање на телото, поради тоа корисно е систематски да ги надгледувате.

6. Биохемиски тест на крвта

Овој тест вклучува бројни показатели: состојбата на електролитите и хидратација, работата на бубрезите, џигерот и крвните зрнца. Овие показатели треба да ги надгледувате поради акутни или пак хронични инфекции, анемии или пак проблеми со згрутчување на крвта.

7. Маркери за воспаленија: CRP и хомоцистеин

C-реактивниот протеин укажува на степен на воспаление во телото. Дури и значително зголемување на CRP вредноста поврзана е со ризикот од таквите болести, како што се срцеви патологии и депресија. Високото ниво може да укажува на физичка траума, емоционален или оксидативен стрес, интоксикација, алергија. Зголеменото ниво на хомоцистеинот зборува за веројатност на мозочен удар и кардиоваскуларни болести.

Коронавирус