вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 13
home Живот и стил

7 работи кои Балканците не ги сакаат кај жените

7 работи кои Балканците не ги сакаат кај жените

Мажите родени на Балканот се специфични по многу карактеристики. Тие имаат високо мислење за себе, а се сметаат и за силни алфа мажјаци.

Ова се неколку работи кои ним им пречат кај жените.

Кога велите дека сè е во ред, а потоа молчите и оставате впечаток дека навистина сте лути. На крајот, целата приказна од своја перспектива им ја раскажувате на своите пријателки кои добиваат своја верзија за тоа.

ПМС денови и постојаната потреба да истакнувате дека тие доаѓаат. Постојаната промена на однесувањето и расположението се нешто што е навистина несфатливо.

Постојаната потреба сите нешта од нашата врска или брак да ги раскажувате на своите мајки. Некогаш имаме чувство дека сме во врска со нив, а не со вас. Некои работи можат да останат меѓу нас. Ние не одиме наоколу раскажувајќи им сè на нашите пријатели и родители.

Кога го користите својот изглед за да добиете нешто, а потоа го коментирате однесувањето на другите жени кои го прават истото. Нема смисла, нели?

Тоа што морате да ја користите главоболката како причина за да немате секс. Можете да измислите некогаш и нешто друго, нели?

Кога постојано претпоставувате дека тоа што сме лајкнале друга жена на социјалните мрежи, автоматски имаме нешто со неа.

Постојаната потреба да постирате фотографии на социјалните мрежи за да ја покажете својата совршена врска пред другите. Нема потреба за тоа.

Коронавирус