среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

6 ветувања кои ниедна жена не ги исполнила

6 ветувања кои ниедна жена не ги исполнила

Сите знаеме дека во одредени ситуации жените прават многу работи за убавина. Сигурно секоја од нас барем еднаш била мазохист кон себе, особено кога вечерното излегување со пријателите е во прашање и важно нѝ е да ја покажеме најдобрата верзија од себе.

Тогаш милиони пати сме ги повторувале фразите за кои и тогаш сме знаеле дека се чиста лага, баш како тоа што го знаеме и денес:

  1. Ќе испијам неколку пијачки пред излегување, за да се опуштам, нема шанси да претерам и да останам дома.
  2. Вечерва е моја вечер, нема да зборувам за него!
  3. Вечерва е вечер за забава, затоа ќе танцувам и ќе се забавувам наместо да седам во зафрлен агол и да водам длабоки разговори со некој странец.
  4. Секако дека нема да му испратам порака на поранешното момче, после само неколку чашки алкохол.
  5. Вечерва е женска вечер и одам да се забавувам. Потполно ќе ги игнорирам мажите.
  6. Вечерва ќе се однесувам како дама.

Секоја од нас себеси си ги ветила овие работи, барем еднаш пред вечерно излегување, а непишано правило е токму тогаш сите наши ветувања да паднат во длабок заборав.